После натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул, навивачите на „петлите“ забележаа дека дефанзивецот Тоби Алдервилд игра со „погрешен дрес“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Навивачите на друштвените мрежи забележаа дека на дресот на 29 годишниот стопер недостасува клупскиот грб.
„Светиот грб кој го носиме на срцето нека биде поважен од презимето на грбот“, очигледно не е фраза која би можела да го опише вчерашниот настап на белгискиот дефанзивец.
„Во ред, знам дека сака да замине, но зошто на неговиот дрес го немаше клупскиот грб“, се запраша еден од навивачите на Тотенхем на друштвените мрежи.
Иначе, дербито во Премиер лигата го доби Ливерпул со победа од 1:2.