Дома Македонски спорт Мак фудбал Во детска лига во Охрид: Тимот изгубил па ги дупнале гумите на автомобилот на тренерот на противникот…(ФОТО)

Во детска лига во Охрид: Тимот изгубил па ги дупнале гумите на автомобилот на тренерот на противникот…(ФОТО)

Вчера во Охрид се случил еден немил инцидент во натпреварот каде што играл тимот на Фер Плеј против друг тим од Охрид во рамките од детската генерација (2008 година).

Фер Плеј победил во овој натпревар, а некој во таборот на противничкиот ривал очигледно револтиран од резултатот се одлучил да ги исече гумите на тренерот на Фер Плеј.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од тимот на Фер Плеј за овој инцидент известија преку соопштение и фотографии на нивниот Фејсбук профил.

„Вака изгледаат гумите на автомобилот на тренерот Фер Плеј по натпреварот од плејоофот од детската Лига генерација 2008 година помеѓу нашиот тим и еден охридски ривал. Некој кој не можел да го поднесе поразот се дрзнал да ги оштети сите четири гуми на возилоото како одмазда за загубениот натпревар на теренот и тоа нека му служи на чест“.

„Имавме одличен динамичен натпревар без ниту еден спорен момент и честитиките одат за дечињата од двата табори. Но тој што го направил ова сериозно треба да се замисли посебно ако е родител на некое од тие дечиња. Само да кажаме…Нема да не обезхрабрите да работиме чесно и да ги мотивираме дечињата да го дадат максимумот на тереот. Денес удривте по нас…Утре ќе удрите по вашите дечиња и нивните другарчиња“.

„Те поздравуваме кој и да си…Жален си тажен, минорен и небитен…Битни се децата за жал ти никогаш нема да ја сфатиш поентата на детскиот џагор и фудбалот“, стои во објавата на Фејсбук профилот на Фер Плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…