Дома Фудбал Лига на шампиони Што е тоа „шут во рамките на голот“ е главното прашање во соблекувалнта на „Граѓаните“ (ФОТО)

Што е тоа „шут во рамките на голот“ е главното прашање во соблекувалнта на „Граѓаните“ (ФОТО)

Фудбалерите на Ливерпул вечерва на домашен терен славеа против Манчестер Сити со убедливи 3:0 во првиот меч од четвртфиналето во ЛШ.

Избраниците на Јирген Клоп одиграа фантастичен натпревар против машинеријата на Пеп Гвардиола, која на своите навивачи им ја одигра најлошата претстава во досегашниот дел од сезоната. „Црвените“ славеа со 3:0, а погодоци постигнаа Салах, Чембрлејн и Мане.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Сити во овој меч се очекуваше многу и сигурно е дека никој не можеше ниту да сонува дека ќе понуди ваква очајна партија. Колку лоши беа играчите на Манчестер Сити вечерва на „Енфилд“ најдобро покажува статистиката по мечот.

Имено, Ливерпул имаше осум удари кон голот на Сити, а четири шута одеа во рамките на голот, од кои три завршија во мрежата. Од друга страна, екипата на Пеп Гвардиола шутираше 11 пати кон голот на „Црвените“, но веројатно немаа ниту еден удар во рамките на голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…