Дома Фудбал Што е следно со Ериксен, ќе може ли повторно да игра фудбал?

Што е следно со Ериксен, ќе може ли повторно да игра фудбал?

Колабирањето на Кристијан Ериксен беше шокантен момент и приказна на вчерашниот ден, но на крајот сепак добро се заврши.

УЕФА и данската федерација први ја известија јавноста дека играчот е во добра и стабилна ситуација, по што тоа придонесе за олеснување кај нивните навивачи.

Но по целата ситуација со Ериксен, се поставува прашањето дали тој ќе може подоцна редовно и непречено да игра фудбал? За БиБиСи зборуваше познатиот доктор Сам Мохидин:

„Звучи како да имаше успешна реанимација и дека го повратија нормалниот срцев ритам поради дефибрилацијата, но постојат и други работи поради кои тој ќе мора на дополнителни тестови. Не знам дали Кристијан ќе може повторно да игра фудбал.

Без да ги ублажиме работите, тој денеска буквално умре, додуша само на неколку минути, но прашање е дали спортските професионалци би го пуштиле во иднина повторно да умре? Одговорот е не“, тврди овој доктор во разговор за БиБиСи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…