Дома Фудбал Што е причината што скапоценото засилување на Барселона толку се повредува?

Што е причината што скапоценото засилување на Барселона толку се повредува?

Oсман Дембеле во саботата во натпреварот на Барселона против Селта мораше да го напушти теренот уште во шестата минута.

Дембеле беше една од ретките вистински ѕвезди кои играа за Барселоа против Селта во натпреварот во кој каталонскиот тим изгуби со 2:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Играчот на Барселона нема да биде на располагање на Валверде неколку недели и ќе го пропушти финалето од Купот на кралот против Валенсија на 25-ти мај.

Од доаѓањето во Барселона летото 2017 година тој пропушти околу 36 натпревари поради повреда.

Тоа е околу третина од натпреварите кои Барселона ги имаше овие две сезони што е многу со оглед на тоа дека каталонскиот клуб за него плаќа околу 30 милиони евра по сезона вклучувајќи ја неговата плата и годишните трошкови како бонуси за трансферот.

Дембеле се повреди веднаш после доаѓањето, тој претрпе повреда на тетивата на левата нога, што го одалечи од терените три ипол месеци.

Имаше и уште четири повреди на мускулот и истегнувања на зголобот од тогаш. Не е јасно што предизвика Дембеле да биде толку склон кон повреди, некои мислат дека неговиот начин на живот може да биде причина за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…