Дома Фудбал Германија Што е позадината на спорната маска? Обамејанг го чека жестока казна!

Што е позадината на спорната маска? Обамејанг го чека жестока казна!

На големото дерби помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг во 53-та минута после постигнатиот гол изведе шоу со маска, поради што најверојатно ќе го очекуваат санкции.

„Сеуште не можам прецизно да го класифицирам тоа што се случи. Во случај неговиот гест да се однесуваше на некој спонзор, ќе разговараме со него и ќе сноси поседици“, изјави директорот на Борусија Ханс-Јоаким Вацке.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Токму тоа и се случи. До сега Обамејанг и Ројс заедно славеја со маски на Бетмен и Робин, меѓутоа овој пат маската беше реклама на „Најк“ со која моментално ги промовира „Hypervenom 3 Strike Night“.

Обамејанг во март беше на промоција на овој модел во Лондон, а од таму се врати со логото на „Најк“ на главата, кое го покажа на натпреварот против Леверкузен.
Поради тоа остро реагираше „Пума“ која е главен спонзор на Борусија Дортмунд, а директорот на „милионерите“ најави хитен разговор со голгетерот, кој веднаш потоа ја смени фризурата.

Обамејанг на својот Инстаграм профил пред неколку недели постави видео под наслов „The Masked Finisher“ односно „Маскиран реализатор“, на кое на кратко се гледа маската која тој ја стави за време на дуелот со Шалке.

Како што пренесува германски „Билд“ Обамејанг го продолжил својот договор со „Најк“ до крајот на кариерата, а спортистите кои го рекламираат овој бренд добиваат специјални премии за пласирање на продуктите на социјалните мрежи.

Сликата која ја испрати напаѓачот од Гелзенкирхен го обиколи светот, па факт е дека станува збор за планиран паркетинг на компанијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…