Дома Топ вести Што е „Боксинг деј“ и зошто Англичаните играат фудбал на тој ден?

Што е „Боксинг деј“ и зошто Англичаните играат фудбал на тој ден?

И додека сите останати фудбалски лиги мируваат, а фудбалерите одмараат во Премиер лигата и за време на Божиќ и Нова година се игра во полна пареа.

Во следните осум денови во Англија ќе се одиграат три кола, а се започнува денес со традиционалниот „Боксинг деј“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играњето фудбал на овој ден започнува од самите почетоци на фудбалот каков што денес го познаваме. Шефилд и Халам одиграа натпревар во 1860 година. Потоа во првата сезона од старата Фудбал Лига (1888/1889) Престон на 26 декември го совлада Дерби со 5:0 и така на тој датум започна да се игра фудбал.

Постојат неколку теории според кои „Боксинг деј“ го добил името, но најинтересна е онаа со господарите и слугите. „Christmas Box“ e англиското име за Божиќен подарок. Богатите Англичани кои во своите домови имале слуги и помошници, на 26 декември ги добиле своите подароци, а поради тоа денот бил наречен „Боксинг деј“.

Втората теорија е дека на Божиќ во цркивите се собирале пари, а еден ден подоцна (на Боксинг деј) истите се отварале.

Но, како и да е веќе 120 години од тој 26 декември во Обединетото кралство се игра фудбал, Премиер лигата, пониските лиги, аматерските лиги – сите играат.

Во продолжение ова се резултатите од „Боксинг деј“ во 1963 година. Повеќе за ова ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…