Во единствениот денешен натпревар во последното коло од ПМФЛ денес Гостивар славеше победа против Македонија Ѓорче Петров со 1:0, но во таборот на гостите имаат зошто да бидат незадоволни.
Главниот судија на натпреварот Стојанче Стојанов не досуди очигледен пенал врз фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров кој беше во позиција за постигнување гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навистина не е јасно како Стојанов овде процени дека нема прекршок…
Инаку, ова е само уште една во низата грешки на судиите во ПМФЛ кои ги има скоро секое коло.