Дома Фудбал Штотуку пристигна, па на лето ќе се збогува со раководството на Милан

Штотуку пристигна, па на лето ќе се збогува со раководството на Милан

Рикардо Родригез би можел да го напушти Милан до крајот на оваа сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Швајцарскиот репрезентативец оваа сезона постигна 4 погодоци и забележа една асистенција на 34-те одиграни меча за „Росонерите“.

Како што се наведува, Милан е во преговори со Иван Стриниќ кому му истекува договорот со Сампдорија на крајот на оваа сезона, па неговото заминување би можело да влијае и на заминувањето на Рикардо Родригез доколку се случи Милан да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите на крајот од оваа сезона, што е извесно.

Причината за тоа е ФФП, Милан не би можел да издржи толкав број на играчи кои би требало да бидат финансирани.

Родригез пристигна пред почетокот на оваа сезона за 18 милиони евра од Волфзбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…