Легендарниот ракометен голман, Арпад Штербик, ги негираше информациите дека решил да стави крај на кариерата.
Штербик кој е еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот, нема намера да ја завршува својата величенствена кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не знам од каде информацијата, бидејќи на никого не сум му кажал дека ќе се пензионирам, а и не можам да кажам, бидејќи уште не сум одлучил такво нешто. Ако зависеше од мене, никогаш не би отишол во пензија, но еден ден ќе мора и тоа да се случи. Ќе останам во Веспрем додека ме служи здравјето, и додека клубот има потреба од мене“, изјави Штербик.
Штербик има освоено четири титули во Лигата на шампиони, од кои една со тимот а Вардар. Со шпанската репрезентација има освено европско и светско злато.