Дома Фудбал Германија „Шпиунот“ во Минхен повторно работи: Нови информации од соблекувалната на Баерн!

„Шпиунот“ во Минхен повторно работи: Нови информации од соблекувалната на Баерн!

kovac

Во Баерн изгледа навистина постои „шпиун“ бидејќи германски „Билд“ повторно стигна до информации од соблекувалната.

Германците тврдат дека хрватскиот стратег досега имал судири со неколку играчи од кои некои од нив ги критикувал пред целиот тим во соблекувалната.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Така после натпреварот против Фортунда (3:3) го нападнал Џошуа Кимих.

„Ти кажав да се вратиш и да го чуваш голот, а ти одеше напред да асистираш и постигнуваш голови“, бесно му се обратил Ковач после натпреварот кој го доведе да биде на работ на отказ.

Потоа на тапет кај Ковач биле Никлас Суле и Жером Боатенг кои ги обвинил дека не влегувале добро во дуелите.

„Вчера го гледав натпреварот помеѓу Атлетико и Барселона (1:1) и требаше да видите како се влегува во дуели кога играте за голем клуб, а не како вас“.

На остатокот од тимот тогаш Ковач им замерил за недостаток на мотивација и лоша работа на тренинзите, но после тој натпревар Баерн запиша две победи во низа против Бенфика и
Вердер и може да се каже дека ситуацијата сега е нешто подобра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…