Реал Мадрид се надеваше дека ќе ја избегне сагата низ која веќе помина со Килијан Мбапе и неговата одлука дали да премине или не на Сантијаго Бернабеу.
Тоа не се случи, шпанските, француските и светските медиуми се полни со гласини преку кои францускиот напаѓач се сели во Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал наводно му рекол на Мбапе дека мора да ја донесе својата одлука до средината на јануари, но всушност се подготвени да чекаат до крајот на месецот.
Во Мадрид сметаат дека ова е доволно време и дека на сите три страни, клубот, Мбапе и ПСЖ им останува доволно време за реализација на други планови и идеи.
Што се однесува до Мбапе и ПСЖ, наводно и таму има договор. Според него, 25-годишниот напаѓач ќе треба да ја соопшти својата одлука до клубот најдоцна до крајот на првата недела од февруари.
Доколку реши да го напушти парискиот клуб, ќе мора да се откаже од 80 милиони евра.
Парижаните, пишуваат француските медиуми, му нудат нов богат и повеќегодишен договор. Овој сегашен важи само до крајот на сезоната во која веќе има постигнато 22 гола на 23 натпревари.
Понудата на Реал, која ја пренесуваат шпанските медиуми, е иста како онаа од пред две години.
Конкретната сума не е прецизирана, но се посочува дека наместо претходната понуда за потпишување на договорот, односно бонус од 150 милиони евра, сега ќе добие сто милиони помалку.
Трансфермаркт го цени Мбапе на 180 милиони евра. За ПСЖ одигра 283 натпревари, постигна 234 гола и запиша 100 асистенции.