Дури и ако Јунајтед се согласи ова може да биде голем проблем.
Пол Погба и понатаму има желба да се пресели во Мадрид, барем така се тврди на Островот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако се појавија информации дека Јунајтед може да прифати понуда од 100 милиони евра плус Тони Крос постои прболем.
Имено, Погба сака поголеми примања, ниту блиску до она што му го нуди Јунајтед, но според информациите на „Марка“ тој очекува 17 милиони евра по сезона што заедно со Азар би станал најплатен во Реал.
Кога се преговараше минатото лето Реал најмногу што беше спремен да му понуди беше сума од 12 милиони евра. Клубот не успеа да се ослободи и од Бејл кој добива 15 милиони евра, па поради тоа во Реал тешко дека се спремни да издвојат и 17 милиони за Погба.