Лука Модриќ, Кристиано Роналдо и Мохамед Салах ќе се борат за наградата на ФИФА за играч на годината.
Наградата ќе биде доделена во Лондон на 24 септември, а според медиумите во овој момент фаворит за освојување е Хрватот, Модриќ кој неодамна ја однесе наградата за најдобар играч во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанскиот весник, „АС“ кој е со седиште во Мадрид направи и анкета на оваа тема во која убедливо победи токму Модриќ.
Околу 84% од читателите на „АС“ гласот го дале за Модриќ во анкетата во која учествувале 23.000 читатели. Роналдо освоил 12%, додека најдобриот играч на Ливерпул, Мо Салах освоил само 4%.
Анкета спроведе и медиумот со седиште во Барселона, „Мундо Депортиво“ и тука резултатите беа слични. Модриќ добил 74% од гласовите, Салах 17.%, а Роналдо 8.1%.