Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Реал Мадрид летово ќе купи само уште еден играч

Шпанците тврдат: Реал Мадрид летово ќе купи само уште еден играч

Карим Бензема го напушти Реал Мадрид и следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија, па така шпанскиот гигант летово ќе мора да доведе негова замена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се најавуваше дека тоа може да биде Килијан Мбапе, но како што стојат работите Французинот ова лето нема да го напушти Париз. Во игра беше и Хари Кејн, меѓутоа засега нема нешто посериозно кога е англискиот репрезентативец во прашање.

Реал го осввежи тимот со доведувањето на Џуд Белингам и враќањето на Фран Гарсија од Рајо Ваљекано и Брахим Диаз од Милан. Иако навивачите очекуваа пристигнување на големи ѕвезди, сепак тоа изгледа нема да се случи.

Од претходно е познато дека Реал е блиску до договор со напаѓачот на Еспањеол Хоселу Мато, фудбалер кој има 33 години и трансферот изгледа навистина изненадувачки. Хоселу беше член на Реал од 2009 до 2012 година и во најголем дел настапуваше за „Б“ тимот.

Она што нема да им се допадне на навивачите е што барем според сегашните Реал Мадрид летово нема да доведе друг играч. Причината веројатно е што Мбапе наредната година ќе биде слободен во изборот на новата средина, па затоа Хоселу е само привремено решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…