Дома Трансфер зона Шпанците тврдат едно, Французите друго: Пресврт во ситуацијата со Пјаниќ?

Шпанците тврдат едно, Французите друго: Пресврт во ситуацијата со Пјаниќ?

Mиралем Пјаниќ овие денови е една од главните теми на европските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Босанскиот фудбалер се поврзува со заминување од Јувентус, а најмногу како потенцијална дестинација на 30 годишниот фудбалер се споменува Барселона.

Преговорите помеѓу Барселона и Јувентус на големо се во тек. „Старата дама“ прво во замена за Пјаниќ го бараше Артур, но Бразилецот одби да ја напушти Барселона. Потоа се преговараше за нови опции.

Јувентус наводно се согласил и дел од „пакетот“ да биде Осман Дембеле. „Мундо Депортиво“ вчера објави дека Французинот му кажал „да“ на Јувентус, меѓутоа „Л’Екип“ има други информации.

Според информациите на Французите 23 годишниот крилен напаѓач нема намера да ја напушти Барселона. Сака да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за своето место.

Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредниот период, меѓутоа нема дилеми дека Барселона сака да го доведе Пјаниќ, а дали ќе има договор со Јувентус ќе покаже времето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…