Дома Фудбал Лига на шампиони Шпанците стравуваат во ЛШ: Цели 12 години се нема случено такво нешто!

Шпанците стравуваат во ЛШ: Цели 12 години се нема случено такво нешто!

Ждребот за осминафиналето од најелитното клупско натпреварување не предизвика еуфорија во Шпанија чии клубови во последните години владеат во Европа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ако сака да ја освои третата круна по ред Реал Мадрид ќе мора да го елиминира моќниот ПСЖ во осминафиналето, додека Барселона за противник го доби англискиот шампион, а Севиља ќе игра против Манчестер Јунајтед.

Шпанците оваа сезона не брилјираат во Европа, Атлетико Мадрид е елиминиран, Реал покажа слабости против Тотенхем, а Севиља не покажа многу.

Поради тоа тамошните медиуми стравуваат за можното испаѓање на сите шпански клубови уште во осминафиналето, нешто што се нема случено цели 12 години.

„Мораме да се вратиме 12 години наназад за да најдеме сезона без шпански клубови во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Тогаш Барселона во 2005 година падна против Челзи, а Реал против Јувентус“, пишува „Марка“ и нагласува дека шпанските клубови мораат да го покажат своето вистинско лице за да не бидат елиминирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…