Дома Фудбал Останато Шпанците открија кој клуб понудил 100 милиони евра за Ансу Фати

Шпанците открија кој клуб понудил 100 милиони евра за Ансу Фати

Пред неколку дена се појави вест ека некој клуб понудил 100 милиони евра за Ансу Фати (повеќе за ова тука).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тогаш не беше именуван клубот кој бил спремен да плати толкава сума за младата надеж на Барселона која се градеше во „Ла Масија“, сега Шпанците тврдат дека откриле за кој клуб станува збор.

Наводно, Манчестер Јунајтед бил клубот кој за Фати понудил вртоглави 100 милиони евра, меѓутоа како и што се наведува во претходната вест понуда била експресно одбиена.

Фати сезонава собра 24 натпревари за Барселона откако минатото лето Ернесто Валверде почна да го користи во првиот тим. Инаку, тој има откупна клазула која изнесува дури 170 милиони евра што е сума која сигурно ниту еден клуб во овој момент нема да ја плати за него.

Јунајтед на Фати гледал како алтернатива за Џејдон Санчо со кого се поврзуваат подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aрбелоа емотивно се збогуваше со Реал: Сигурно нема да сум дел од тимот на Мурињо!

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа медиумска конференција пред последниот натп…