Дома Македонски спорт Шпанците најавуваат: Димитриевски се сели во друг клуб од Шпанија

Шпанците најавуваат: Димитриевски се сели во друг клуб од Шпанија

Столе Димитриевски би можел многу брзо да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во шпанските медиуми меѓу кои е и реномираната „Марка“ објавено е дека Гетафе го продава својот голман Аргентинецот, Леонардо Чичизола и ќе тргне по услугите на македонскиот голман.

Според информациите кои ги пласираа медиумите и македонскиот голман е расположен за промена на средината.

Покрај Гетафе претходно се пишуваше и дека клубови од Италија покажале интерес за неговите услуги, сепак Гетафе во овој момент е фаворит.

Ќе потсетиме пред неколку дена Димитриевски беше позитивен на коронавирус, но по два дена имаше негативен тест и сега го чека и вториот негативен за нормално да продолжи со тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…