Шпанците имаат високо мислење за Енис Барди, а тоа го покажува и последното рангирање на „Ел Дисмарк“ кој го смести македонскиот фудбалер помеѓу десетте фудбалери кои можат бесплатно да си заминат.
Барди во редовите на Леванте дојде во 2017 година, а сезонава на шпанскиот тим не му оди и после 15 кола тие се последни на табелата во Шпанија, па постои можност Барди да ја промени средината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Барди има слична вредност како Аднан Јанузај од 12 милиони евра и од јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови. Евентуално испаѓање на Леванте сигурно ќе донесе сценарио во кое тој ќе си замине“, пишува шпанскиот весник.
Во редовите на Леванте Барди дојде за 1.5 милион евра летото 2017 година од унгарскиот Ујпешт. Барди и во претходниот летен преоден рок се поврзуваше со заминување и со други клубови, но на крајот остана, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата ова лето.