Дома Фудбал Шпанското обвинителство сака да го испрати Анчелоти во затвор, еве што вели тој за обвинението

Шпанското обвинителство сака да го испрати Анчелоти во затвор, еве што вели тој за обвинението

РЕАЛ МАДРИД избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако во два осминафинални натпревари го совлада РБ Лајпциг со 2:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал по победата во Германија од 1:0 одигра 1:1 со истиот противник пред своите гледачи и се пласираше во четвртфиналето.

Карло Анчелоти по натпреварот призна дека неговиот тим одиграл лошо и дека натпреварот не бил добар.

Покрај прашањата за 90-те минути во Мадрид, тренерот на Реал мораше да одговори и на понепријатните, за неговата евентуална затворска казна од 4 години и 9 месеци.

Да потсетиме, еден од најтрофејните тренери во историјата беше обвинет дека ја оштетил Шпанија за 1.062.079 евра неплатен данок, со лажно прикажување на приходите и имотот во фискалните 2014 и 2015 година, во неговиот прв мандат на клупата на Реал.

„Тоа е стара приказна, од 2015 година. Обвинителството мисли дека тогаш сум бил жител на Шпанија, но не сум бил, парите се веќе кај обвинителството, а решението треба да го најде адвокатот. Сигурен сум дека тогаш не живеев во Шпанија и дека сум невин, а ќе видиме што ќе каже судијата за тоа“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скалони доби ужасни вести: Аргентинецот поради тешка повреда на тренинг ќе го пропушти Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Аргентина се подготвува за одбрана на златото кое го освоија…