Според информациите на новинарот Педро Мората, Нико Вилијамс кој е еден од најспоменуваните играчи во овој преоден рок донел конечна одлука за својата иднина.
Мората тврди дека сапуницата околу иднината на фудбалерот кој блескаше на Европското првенство е пред крај. Наводно, напаѓачот нема да замине и во наредната сезона ќе го носи дресот на Атлетик Билбао.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако остане во Билбао, Вилијамс би го исполнил ветувањето дадено до неговиот брат, Ињаки и заедно ќе играат во Лигата на Европа.
Претходно Вилијамс најмногу се поврзуваше со Барселона и Пари Сен Жермен.