Дома Топ вести Шпански новинар тврди: Модриќ му е лут на Анчелоти, се чувствува измамен

Шпански новинар тврди: Модриќ му е лут на Анчелоти, се чувствува измамен

Mинатото лето Лука Модриќ се поврзуваше со преселба во Саудиска Арабија, но Хрватот на крајот одлучи да остане во Мадрид и да стави потпис на договор од една година.

Меѓутоа сезонава Модриќ има ограничена можност и често се пишува дека не е задоволен од ситуацијата. Сега шпанскиот новинар, Едуардо Инда тврди дека хрватскиот фудбалер му се налутил на тренерот Карло Анчелоти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Минатото лето Модриќ имаше понуда од Саудиска Арабија, остана во Реал Мадрид откако разговараше со тренерот. Поминаа неколку месеци, а сега Модриќ не е ниту 12-ти, ниту 13-ти играч…Прилично е вознемирен. На културен начин веќе му кажа дека е измамен, Модриќ не е некој кој би се расправал, но Анчелоти му вети дека ќе биде стартер и дека сериозно ќе смета на него.

 Сепак, на теренот ситуацијата е целосно поинаква, тој е 15-ти или 16-ти играч…Нема да добие нов договор, мое мислење е дека ќе продолжи во Саудиска Арабија, станува збор за многу пари. Прво му понудија 40, а потоа и 60 милиони евра по сезона“, пишува Инда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…