Дома Трансфер зона Шпански новинар и пријател на Модриќ: Трансферот во Милан е можен!

Шпански новинар и пријател на Модриќ: Трансферот во Милан е можен!

Mилан сака да доведе засилувања со цел да се бори за Лигата на шампионите, а една од главните мети е Лука Модриќ од Реал Мадрид.

Пред две недели се пишуваше дека Звонимир Бобан се обидува да го убеди Модриќ да дојде во Милан, но играчот на Реал наводно го известил дека нема намера да замине од Мадрид.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓутоа, денес „Скај Спорт“ објави дка агентот на Модриќ, Владо Лемиќ вчера ги посетил просториите на Милан каде што разговарал со Звонимир Бобан и Паоло Малдини за потенцијалниот трансфер.

Договорот на Модриќ истекува за една година, а Италијанците сметаат дека тоа е идеална прилика за преговори со клубот од „Бернабеу“.

Интер минатата година многу се поврзуваше со Модриќ, но Перез не попушти, а ова лето Хрватот би можел да го засили нивниот градски ривал.

Дека трансферот е можен потврди новинарот Висенте Азпиртате кој е и пријател со Модриќ.

„Ќе биде интересно лето. Не е лесна задача, но после заминувањето на Себаљос Реал би можел да доведе еден играч во средината – Погба, Ериксен или Ван Де Бек. Милан не поминува низ некој добар економски период. Меѓутоа трансферот е можен со позајмица и опција за купување следното лето“, напиша Азпиртате.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …