Винченцо Монтела неодамна доби отказ од кормилото на Милан, но најверојатно нема долго да остане без работа.
Шпанските и италијанските медиуми пренесуваат дека Монтела наскоро би можел да се пресели во Шпанија и да го преземе тимот на Севиља, бидејќи клубот веќе започнал преговори со италијанскиот стратег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај Монтела на листата претенденти за столчето на Севиља се уште Валтер Мацари, Луис Енрике, Томас Тухел и Хави Гарсија.
Минатата недела Севиља му врачи отказ на тренерот Едуардо Берицо поради серијата на лоши резултати.
El Sevilla sondea en Italia a Montella y Mazzarri, aunque el preferido sigue siendo Javi Gracia https://t.co/2SGl8Tsoi2
— Tiempo de Juego (@tjcope) December 26, 2017