Жозе Мурињо набрзо би можел да се врати на тренерската работа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалскиот стручњак кој на крајот од претходната сезона беше отпуштен од Јунајтед е без тренерски ангажман, но се поизвесно е дека Специјалниот наредната сезона ќе го гледаме во лигашки фудбал.
Деловниот партнер на Валенсија и негов агент, Хорхе Мендес, наводно го убедил Мурињо да ја преземе Валенсија.
Шпанските медиуми најавуваат враќање на Мурињо во Ла Лига, каде своевремено го водеше Реал Мадрид и ќе биде интересно доколку Португалецот навистина пристигне на Местаља.
Кандидат за клупата на Валенсија е и Арсен Венгер, но Мурињо делува како посигурна опција, но ќе почекаме целата приказна да заврши со некоја официјална информација.