Дома Фудбал Репрезентации Шпанскиот фудбалски сојуз прво го бранеше, а сега и тие се свртија против Рубиалес

Шпанскиот фудбалски сојуз прво го бранеше, а сега и тие се свртија против Рубиалес

Oткако првобитно го бранеше Рубиалес, вчера Фудбалскиот сојуз на Шпанија и официјално побара оставка од претседателот поради бакнежот во уста со фудбалерката Џенифер Хермосо при доделувањето на медалите за освоената светска титула.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претседателот на сојузите на автономните региони по состанокот објавија соопштение во кое одбиваат да го поддржат Рубиалес.

„По последните случувања и неприфатливото однесување кое тешко му наштети на имиџот на шпанскиот фудбале, претседателите бараат Луис Рубиалес веднаш да поднесе оставка“, стои во соопштението.

Рубиалес тврди дека бакнежот бил обостран, а во петокот порача дека нема да отстапи од должноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ФИФА донесе уште една забрана пред Светското првенство!

Светското првенство кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико, стартува следната…