Дома Фудбал Останато Шпанскиот селектор спремен да му го отстапи местото на Луис Енрике

Шпанскиот селектор спремен да му го отстапи местото на Луис Енрике

Новиот селектор на „црвената фурија“, Роберто Морено е спремен да му го отстапи местото на Луис Енрике, кој во јуни се повлече од селекторската функција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, Луис Енрике даде отказ бидејќи требаше да биде заедно со својата деветгодишна ќерка Чана, која боледуваше од канцер.

За жал неговата ќерка почина пред неколку дена, па сега Морено е спремен да му го отстапи местото на Енрике, доколку сака да се врати.

„Ако еден ден Луис посака да се врати, јас веднаш ќе му го отстапам местото“, изјави Морено.

„Оваа недела беше многу тешка за сите нас во репрезентацијата. Ќе се обидеме да донесеме малку радост во вака тежок момент. Тоа е единственото нешто за кое ќе се бориме“, додаде Морено.

Во четврток „црвената фурија“ и гостува на Романија, а во недела ќе ја пречека селекцијата на Фарски Острови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус има интерес за играч од средниот ред на Милан

Италијанскиот гигант Јувентус го насочи својот интерес кон играчот од средниот ред на Мила…