Перез де Варгас ги повреди лигаментите на десното колено, денеска ќе се знае повеќе по МРИ снимката, но Шпанија не сака ништо да ризикува па на помош го повика „Арпад Велики“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат од таборот на „Црвената фурија“, голманот на Вардар итно отпатувал за Загреб и попладнево треба да пристигне во престолнината на Хрватска.
38 годишниот Штербик сега би можел да застане на голот за полуфиналето со Франција.
Жорди Рибера може да направи две измени за завршницата на Европското првенство и до утре треба да одлучи дали ќе го стори тоа.