Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шпанија никогаш не била елиминирана во полуфинале на Европско првенство

Шпанија никогаш не била елиминирана во полуфинале на Европско првенство

Денес во центарот на вниманието на спортската јавност е полуфиналето на Европското првенство во кое ќе се сретнат Шпанија и Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанија лицитира за освојување на своето четврто Европско Првенство, што би ги направило најуспешна нација во историјата на шампионатите.

Ја избришаа лошата слика од групната фаза по првите две нокаут рунда, а сега сакаат да ја продолжат традицијата која вели – секој пат кога Шпанија го минува четвртфиналето, го освојува трофејот.

Досега патот беше трнлив за неконзистентниот тим на Луис Енрике и тие дури на пенали славеа над одличната Швајцарија.

Втора последователна победа по 120 минути – по возбудливата победа во продолженија над Хрватска, во пеналите со Швајцарија, Унаи Симон ја спаси Шпанија и ги одбрани пеналите на Фабијан Шар, Мануел Аканџи и Рубен Варгас, оставајќи го Микел Ојарзабал да ја испрати Шпанија во полуфиналето.

И покрај слабиот старт на ЕУРО 2020, момците на Енрике веќе постигнаа 12 гола, изедначувајќи го нивниот највисок рекорд по бројот на голови, поставен за време на триумфалните кампањи од 2008 и 2012 година.

Всушност, Шпанија е непоразена во текот на последните 13 натпревари. Седум од тие натпревари завршија нерешено, што сугерира дека нивниот недостаток во офанзивата е сепак проблем. Тие постојано и против сите ја контролираат играта, го контролигаат темпото, но тоа не секогаш носи резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…