Дома Фудбал Репрезентации Шпанија надмоќна против Израел, Италија подобра од Албанија

Шпанија надмоќна против Израел, Италија подобра од Албанија

Репрезентативците на Шпанија ги победија Израелците во Хихон, во рамки на квалификациите за Светското првенство во Русија со високи 4:1.

Домаќините во текот на цело прво полувреме поседуваа поголем дел од играта, што беше крунисано со два погодоци во израелската мрежа. Првиот падна после одличната акција која ја заврши Силва во 13-та минута, а пред полувремето Витоло ја удвои предноста на асистенција од Алкантар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На отворањето на второто полувреме Коста со висок скок, после асистенцијата на одличниот Алкантар го реши прашањето за победник на натпреварот. Иако Шпанците и понатаму доминираа, Израелците постигнаа почесен гол преку Рафаелов, кој одбиената топка ја смести во шпанската мрежа. И кога сите очекуваа последен судиски свиреж, Иско го постигна четвртиот гол за Шпанија.

Италијанците имаа многу повеќе проблеми со Албанија, која беше далеку поопасна во првото полувреме. Веќе во 12-та минута Де Роси ги доведе домаќините во водство, после голот од пенал и со резултат од 1:0 се замина на одмор.

Во 58-та минута следеше прекин кој го предизвикаа албанските навивачи фрлајќи пиротехника на теренот. Откако продолжи натпреварот, Италијанците постигнаа уште еден гол. Запакоста испрати сјаен центаршут во кој најдобро се снајде Имобиле, кој ја удвои предноста и го постави конечниот резултат.

Австралија беше далеку подобар противник од Молдавија со 2:0, со головите на Сабицер и Харник. На дуелот меѓу Ирска и Велс немаше голови и крајниот резултат беше 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…