Шпанија би можела да го изгуби правот на домаќин во натпреварувањето во кревање на тегови поради политичкиот став кој оваа земја го има кон Косово.
Оваа вест доаѓа само неколку дена откако Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), зборуваше за мешањето на политиката во спортот.
Бах предупреди дека доколку не може да се пронајде решение за таквата ситуација, олимпискиот комитет треба да покаже храброст ги превземе потребните мерки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанија е една од петте земји на Европската унија кои не го признаваат Косово, кое прогласи независност во 2008 година. Причината за ваквиот став е поради грижата на Шпанците тоа да не влијае на нивниот проблем со Каталонија.
Косово за член на МОК беше прифатено во 2004 година.
Антонио Урсо, претседателот на „EWF“ испрати писмо до шпанската влада нудејќи им период од три недели да потврдат дека Косово ќе биде достојно пречекано на натпреварувањето во Ла Коруња.
Шпанската влада не одговори во дадениот рок од три недели, па извршниот одбор на „EWF“ се одлучи по итен случај да испрати емаил до Шпанија и да го откаже нејзиното домаќиноство.