Ждребот за ¼ финалето во Лигата на шампионите сакаше силите да ги одмерат Ливерпул и Манчестер Сити.
Првата пресметка ќе се игра на „Енфилд“ на 4 април, додека реваншот на 10 април на „Итихад“. Интересно што во Премиер лигата единствениот пораз екипата на Пеп Гвардиола го претрпе од тимот на Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ждребот во свој стил го прокоментира и Јирген Клоп кој ги насмеа натпреварите пред натпреварот против Вотфорд…
„Знам дека ќе биде тешко. Но добра работа е што и на Манчестер Сити исто така ќе му биде тешко. Го видов лицето на нивниот спортски директор, Тихи Беригистаин и не ми изгледаше како да слави Божиќ и Велигден истовремено“, започна Клоп, а потоа го „боцна“ големиот ривал…
„Во една фаза морате да се сретнете со клуб од иста земја. Мислам дека ова е натпревар од соништата, но за навивачите на Манчестер Јунајтед“, поентираше германскиот тренер, алудирајќи на елиминацијата на „црвените ѓаволи“ во 1/8 финалето.
"It's an ideal draw…. for Man United fans" ?
Klopp reacts to the Champions League draw. pic.twitter.com/xnfP5Jm3qB
— This Is Anfield (@thisisanfield) March 16, 2018