Репрезентацијата на Чешка со победата на Молдавија се пласираше на Европското првенство освојувајќи го второто место во групата зад Албанија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, по овој пласман на континеталниот собир селекторот на Чешка, Јарослав Шилхави се одлучи на еден изненадувачки потег – поднесе оставка!
Заминувањето Шилхави го потврдил веднаш по натпреварот.
„Среќни сме со пласманот на Европското првенство, но ние како стручен штаб одлучивме да не продолжиме со работа во репрезентацијата на Чешка. Луѓето во федерацијата се веќе информирани, притисокот беше преголем, а јас не го разбрав. Тоа придонесе за ваков потег“, изјави Шилхави по средбата.
Чешките медиуми пренесуваат дека ова е изненадување затоа што и претходно се најавувал негов нов договор.