Дома Фудбал Останато ШОК: Инфантино се залагал да се создаде Суперлигата!

ШОК: Инфантино се залагал да се создаде Суперлигата!

Oбидот да се создаде Суперлигата издржа само 48 часа и истиот брзо беше растурен, барем засега. Зад целиот проект стоеше Флорентино Перез, а изгледа во сенка „за“ Суперлигата бил првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино кој во јавноста зборуваше нешто друго.

Инфантино со својата ФИФА прво издаде соопштение во кое беше прилично благ кон клубовите кои ја најавија Суперлигата, за потоа на Конгресот на УЕФА во Монтро да заземе порадикален став. Меѓутоа првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас смета дека Инфантино можеби е двоен играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не е баш како што Инфантино зборува. Сакам да биде појасен околу тоа што мисли и што ќе прави со овој проблем. Имам сериозни сомневања за него и тие ме загрижуваат“, изјави Тебас.

На изјавата на Тебас се надоврза францускиот „Ле Монд“, тие објавија документи во кои стои дека Инфантино бил вклучен во разговорот за Суперлигата со цел да се издејствува најдоброто за европскиот фудбал.

Причината поради која Инфатино бил вмешан е за да се создаде Светско првенство за клубови и 12. клуба кои беа дел од Суперлигата да учествуваат на тоа клупско СП. Во разговорот Инфантино посочил дека „ВО1“, солидарен фонд од Светското клупско првенство треба да биде 320 милиони евра и тие да завршат кај најбогатите 12 клуба. Така бил добро запознаен со целиот проект кој не се појавил преку ноќ и не него се работело уште од 2019 година.

Инаку, Инфантино минатата година објави дека сака да се направи Суперлига во Афика и најдобрите клубови од овој континент да играат „затворена“ лига иако на „црниот контиент“ постои Лига на шампиони по принципот на европската ЛШ водена од конфедерацијата КАФ.

Прашањето е што се променило во тие 24 часа од благото соопштение до острата изјава на конгрсот? Можеби анти-суперлигашкото цунами кое се создаде во јавноста било причина Инфатино одново да застане на страна на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА ќе го „казни“ судијата поради грешката на мечот Реал-Баерн

Полскиот судија Шимон Марчињак ќе биде санкциониран од УЕФА за пропустот кој го направи во…