Герет Бејл денес пристигна во Лондон на лекарски прегледи и потпис на договорот со Тотенхем.
Реал и Спарси се договорија за едногодишна позајмица на репрезентативецот на Велс, но на лекарските прегледи кај Бејл била откриена повреда која ќе го одвои од теренот
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бејл од репрезентативниот собир се вратил повреден. Проценката е дека ќе паузира четири недели и Жозе Мурињо нема да може да смета на него во наредниот месец.
Вакво нешто во Тотенхем сигурно не очекуваа и ова веројатно е шок за сите во клубот.
Оваа повреда значи и дека нема да го видиме Бејл во Скопје на гостувањето на Тотенхем кај Шкендија. Тој натпревар се игра во четврток (24 септември).