Дома Фудбал Лига на шампиони Шок за Србија: Влаховиќ се повредил пред Мундијалот!

Шок за Србија: Влаховиќ се повредил пред Мундијалот!

Во еден драматичен натпревар Јувентус изгуби од Бенфика со 4:3 и така ги загуби шансите за продолжување во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Изненадување беше кога во овој натпревар во 70. минута од натпреварот тренерот Масимилијано Алегри одлучи да го замени Душан Влаховиќ.

Меѓутоа после натпреварот пристигнуваат информации дека српскиот голгетер се здобил со повреда. Наводно, Влаховиќ почувствувал болка во бутот и дополнителните медицински прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор.

Ова секако го вклучи алармот и во редовите на репрезентацијата на Србија која се подготвува за Мундијалот во Катар кој стартува за помалку од еден месец (20 ноември).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…