Дома Топ вести Шок за Реал Мадрид: Крос размислува – пензионирање!?

Шок за Реал Мадрид: Крос размислува – пензионирање!?

Изненадувачки вести ни пристигнуваат од Шпанија – Тони Крос би можел да се повлече на крајот од сезоната!

Мадритските медиуми вчера вечер започнаа да објавуваат ексклузивна и сензационална информација. Крос има договор со Реал до јуни 2023 година и сите во Мадрид сакаат тој да остане. Меѓутоа тука не се доведува во прашање дали Германецот сака да оди на друго место, туку дали воопшто сака да продолжи да игра фудбал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германецот претходно повеќе пати зборуваше дека физички и психички е истрошен и дека нема да гледа на бројот години, туку на своето лично чувство кога ќе одлучува за фудбалската пензија.

Крос е роден 1990 година и е пет години постар од Модриќ, но во овој случај тоа не мора ништо да значи. Во текстот се наведува дека Крос нема да брза со одлуката и ќе го почека крајот на сезоната да „слушне“ што му зборува неговото тело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …