Дома Фудбал Останато ШОК за Реал! – Добива ли европскиот фудбал нови владетели!?

ШОК за Реал! – Добива ли европскиот фудбал нови владетели!?

real madrid

Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен во последните неколку години се далеку најуспешните клубови во Лигата на шампионите, но сега се поставува прашањето дали ќе успеат да го задржат приматот пред доаѓањето на англиските и француските тешкаши, пред се ПСЖ, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед?

На ова прашање одговорот може да го даде само времето. Кој знае можеби веќе оваа сезона. Според прогнозите на светските обложувалници пред почетокот на сезоната најголеми фаворити за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите беа Реал Мадрид и Баерн Минхен, но сега работите се променија, па ПСЖ и Манчестер Сити се клубовите на кои им се дава најголема шанса.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Причината е јасна, прилично лошите резултати на Реал и Баерн од почетокот на сезоната и одличните настапи на ПСЖ и Сити. Барселона одлично ја започна сезоната, но обложувалниците се скептични кога е Барселона во прашање.

Очигледно постојат многу сомневања за тоа дали Каталонците со моменталниот кадар може да ја изнесе целата сезоната со ритамот кој го наметнаа. Впечтокот е дека Барселона победува, благодарение на Лионел Меси, но колку долго може Меси да ја задржи оваа форма останува да видиме.

Факт е дека Реал, Барса и Баерн после долги години го изгубија приматот најголеми фаворити, можеби тоа ќе биде краток период, но сега е така. Имено, тешко е да се сетиме кога последен пат еден од овие три клуба не бил главен фаворит за освојување на Лигата на шампионите.

Иако Манчестер Сити и ПСЖ со години вложуваат, дури сега се доведува во прашање моќта на споменатата тројка.

Манчестер Сити и ПСЖ ова лето буквално издоминираа. ПСЖ ги направи двата најголеми трансфери во историјата доведувајќи ги Нејмар и Мбапе и веројатно токму со тоа ја започнаа промената на силите.

city

ПСЖ не стана само прв фаворит според светските обложувалници туку и изби на првото место со платите на своите ѕвезди. Овој статус долго време им припаѓаше на Реал Мадрид и Барселона. Овој податокот силно одекна на Пиринеите бидејќи ова најавува дека наскроо токму тие би можеле да станат најмоќниот клуб во Европа.

Со доаѓањето на Нејмар и Мбапе тие на годишно ниво трошат 311 милиони евра, а на второто место е Барселона со 295 милиони евра. Се очекува Барса да се врати на првата позиција кога Меси ќе потпише нов договор.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на третото место со многу мал износ зад Барселона, потоа следи Челзи со 279 милиони, Манчестер Сити со 272 милиони, па дури тогаш доаѓа Реал со 268 милиони евра, Баерн 262, Арсенал и Ливерпул 234, Јувентус 167….

Ова е вистински шок за Реал. Тие до неодамна беа неприкосновен лидер. Навистина е тешко да се сетиме кога последен пат биле толку ниско во оваа категорија. Најголемите ѕвезди на Реал Мадрид се на врвот според примањата, пред се Кристиано Роналдо и Герет Бејл, но фудбалерите од втор план се помалку платени од нивните колеги во ПСЖ или Барселона.

Се претпоставува дека ситуацијата би можела да се промени наредното лето кога Реал има намера да го освежува тимот и да доведе неколку нови ѕвезди, така вкупниот износ на плати би требало да порасне. Но, сега ситуацијата е поинаква, а како ќе се одвиваат работите како што кажавме останува времето да покаже.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…