Дома Кошарка Шок за Партизан: Ледеј отпатува за САД!

Шок за Партизан: Ледеј отпатува за САД!

По натпреварот против Барселона, американскиот кошаркар Зек Ледеј не патуваше со екипата на Партизан за Белград.

Партизан соопшти дека Ледеј отпатувал во Соединетите Американски Држави поради приватни причини.

„Зек Ледеј доби дозвола да отпатува за Америка по натпреварот со Барселона. На семејството Ледеј и на Зек, Кошаркарскиот клуб Партизан им посакува се најдобро“, стои во објавата од белградскиот клуб.

Засега не е познато кога Ледеј ќе се врати во тимот и дали ќе биде на располагање на Жељко Обрадовиќ за следните евролигашки натпревари. Исто така не се открива точната причина за неговото отсуство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лоша вечер за белградските ривали: Звезда го разбуди Милано, Партизан остана на 6-6

Милано ја прекина серијата од девет порази против Црвена звезда, а Валенсија со победа во …