Дома Фудбал Италија Шок за Интер: Врсаљко тешко повреден

Шок за Интер: Врсаљко тешко повреден

Хрватската репрезентација синоќа доживеа дебакл на гостувањето кај Шпанија и беше поразена со 6:0, а притоа го загуби и Шиме Врсаљко поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Врсаљко на теренот помина само 20 минути и потоа беше принудно заменет поради повреда на коленото.

Според последните информации десниот бек најверојатно доживеал кинење на вкрстените лигаменти на левото колено. Хрватот денес ќе пристигне во Милано на детални прегледи за да се утврди комплексноста на повредата.

Ако прогнозите се потврдат, тогаш тоа ќе биде огромен шок за Интер, бидејќи Врсаљко ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

Десниот бек ова лето пристигна на „Џузепе Меаца“ како големо засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Возиња на Мундијалот има повеќе дриблинзи од Роналдо!

Херојот од Зеленортски Острови, голманот Возиња, има реализација на повеќе дриблинзи откол…