Aларам во таборот на Борусија после вчерашниот натпревар против Хофенхајм.
Борусија победи со 3:2 и стрелец беше Ерлинг Халанд, но Норвежанецот се повреди и беше заменет од Витсел. После мечот тренерот Марко Росе изјави дека Халанд имал проблем со адукторот, сепак работата е изгледа посериозна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дел од медиумите во Германија пренесуваат дека Халанд се здобил со многу потешка повреда, односно ги скинал вкрстените лигаменти. Ова секако би било шок за Борусија Дортмунд.
Сепак, ваквите информации се уште не е потврдено и треба да се почека соопштението од „милионерите“.