Илкај Гундоган не играше на вчерашниот меч против Валенсија поради повреда, но како што јавува каталонски „Спорт“, искусниот играч за врска побарал трансфер.
Главната причина за заминувањето е фактот дека тој не се снајде најдобро во каталонскиот гигант и не се согласувал со замислите кои ги имал Флик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Гундоган има интерес од турските гиганти Фенербахче и Галатасарај, а има и неколку огромни понуди да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Германскиот фудбалер минатото лето пристигна во Каталонија од редовите на Манчестер Сити и до сега одигра 36 натпревари, на кои постигна пет гола.