Како што пренесува „ЕСПН“, Лионел Меси е спремен се повлече од аргентинската репрезентација.
Аргентина го игра натпреварот на одлука против Еквадор на гостински терен и мора да победи ако сака да се пласира на Светското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, ситуацијата во групата е таква што Аргентина и со пораз би можела да се пласира на Мундијалот, сепак тие немаат намера да калкулираат единствено што сакаат е победата.
Да потсетиме, во последното коло играат Бразил и Чиле, Еквардо и Аргентина, Парагвај и Венецуела, Перу и Колумбија, Уругвај и Боливија.
И додека сме во исчекување на натпреварот на „Гаучосите“, „ЕСПН“ објави дека Меси најавил заминување од репрезентацијата доколку не избори пласман во Русија, а истото има намера да го направи и Хавиер Маскерано.
Натпреварот од последното коло Аргентина го игра ноќта измеѓу вторник и среда со почеток во 1:30 часот.