Дома Фудбал Репрезентации ШОК за Аргентина: Нов пресврт пред клучниот дуел со Перу

ШОК за Аргентина: Нов пресврт пред клучниот дуел со Перу

Фудбалската репрезентација на Аргентина вечерва ќе одигра клучен дуел во квалификациите за СП.

На „Гаучосите“ на гости им пристигнува селекцијата на Перу, обата тима во овој меч ќе бараат резултат за да се доближат до пласман на Мундијалот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Селекторот на Аргентина, Сампаоли ќе мора да направи неколку промени во стартната постава пред овој меч. Најави дека веројатно Дибала нема да настапи од првата минута, а на клупата би можел да заврши и Мауро Икарди.

Напаѓачот на Интер е лесно повреден и извесно е дека за него нема да има место во првиот состав.

„Икарди дојде со повреда која ја влече од пред почетокот на сезоната. Има постојани болки и веројатно нема да настапи од првата минута. Натпреварот најверојатно ќе го започне Дарио Бенедето“, истакна Сампаоли.

Аргентина моментално е на петтото место со 24 бода, додека Перу е едно место пред нив со ист број бодови, но со подобра гол разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…