Tибо Куртоа заработи тешка повреда на тренингот на Реал Мадрид, според првите тестови голманот се здобил со скинати лигаменти.
Куртоа заработил повреда на коленото за време на тренингот на Реал Мадрид, а шпанските медиуми пишуваат дека со солзи на очите бил изнесен од теренот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веднаш му биле направени медициснки тестови и првичните резултати воопшто не се добри покажуваат дека станувало збор за скинати вкрстени лигаменти.
Ова значи дека Реал Мадрид ќе биде без својот најдобар голман во најголем дел од сезоната. Не е исклучена можноста „кралевите“ да го искористат отворениот преоден рок и да доведат нов чувар на мрежата.