Дома Останати Ракомет Шок во Загреб: Лино Червар си заминува после само пет месеци!

Шок во Загреб: Лино Червар си заминува после само пет месеци!

Хрватскиот селектор Лино Червар го напушта ППД Загреб после само пет месеци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најсилниот хрватски клубо станува без тренер откако управата на клубот и тренерот Лино Червар одлучија да ја прекинат соработката. Во Загреб не беа задоволни од резултатите оваа сезона.

Лино ќе остане во клубот до Нова Година, а потоа него ќе го наследи Тончи Валчиќ, а ќе му асистира Горан Рокавец.

Загреб оваа година во Лигата на шампионите игра навистина лошо и после осум одиграни кола има само пет бодови, славеа само на два натпревари, а имаат и едно реми.

Единствените светла точка во досегашниот дел од сезоната се добрите настапи на тимот во СЕХА лигата. Таму овој клуб е првопласиран со седум победи и само еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер од прв шешир во Лига Европа, Охрид остана без вајлд-карта

Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во групната фаза од Европска…