Дома Фудбал „Шокиран сум од тоа што го направи Бензема, никогаш претходно не сум видел такво нешто“

„Шокиран сум од тоа што го направи Бензема, никогаш претходно не сум видел такво нешто“

Карим Бензема ја шокираше јавноста откако се појави снимката од натпреварот против Борусија Менхенгладбах.

Бензема беше снимен како во тунелот пред почетокот на второто полувреме како му зборува на Менди да не му ја додава топката на Винисиус (ова видео погледнете го тука).

Шокиран од ваквото однесување на Бензема е и италијанскиот легендарен фудбалер, Алесандро Костакурта.

„Изненаден сум од потегот на Бензема, никогаш претходно, ниту сум видел, ниту сум слушнал такво нешто. Погледнете ги само нивните изрази на лицата, тие не се шегуваат и се сериозни. Шокиран сум, се надевам Зидан ќе го среди тоа“, изјави Костакурта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…