За време на полувремето на мечот против Мехенгадбах надзорните камери го „уловија“ Бензема како озборува и критикува соиграч.
„Кралевите“ на полувреме имаа негатива од еден гол, а Бензема му рекол на соиграчот Менди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мене подади ми ја топката, не на него, тој игра против нас“.
Медиумите тврдат дека ова се однесувало на неговиот партнер во нападот Винисиус Жуниор, а оваа снимка може да предизвика нови „турбуленции“ во соблекувалната на Реал Мадрид.
На крајот Реал се спаси од пораз, а Бензема беше стрелец на еден од головите.