Дома Останати Шокантно признание на Мо Фарах: Жртва сум на трговија со луѓе, моето име е Хусеин

Шокантно признание на Мо Фарах: Жртва сум на трговија со луѓе, моето име е Хусеин

Легендарниот атлетичар Мо Фарах во документарец на „Би-Би-Си“ го шокираше светот со своето признание дека како дете бил жртва на трговија со луѓе

Фарах во документарецот открива дека тоа име по кое светот го познава му го дале луѓето кои го донеле во Британија, додека неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин. На Островот тој бил донесен од Сомалија како дете на избеглици, а неговиот татко бил у6иен во нередите кога имал само четири години.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од кога го донеле во Британија животот за него станал тежок. Морал да работи и да чува други деца, не го пуштале ниту на училиште каде што почнал да оди дури на 12 години.

„Трчањето ми беше бегство од својата ситуација, само тоа можев да го направам“.

Многу му помогнал неговиот наставник по физичко кој го пријавил случајот во социјалната служба.

„Од тој момент се беше подобро, почувствував како да тргнав голем товар од моите плеќи, чувствував слобда. Тажно е што многу луѓе поминуваат низ тоа што поминав јас. Јас имав среќа, трчањето ме издвои од другите“, раскажа Фарах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Навивачите на Арсенал го обвинија Баерн за „валкана игра“ на полувремето во реваншот

Eкипата на Арсенал вчера доживеа елиминација во Лигата на шампионите откако беше поразена …